ПРВ.мк
Македонија

БРУТАЛЕН НАПАД ОД ГЛУТНИЦА КУЧИЊА: Жена тешко повредена!

БРУТАЛЕН НАПАД ОД ГЛУТНИЦА КУЧИЊА: Жена тешко повредена!

68-годишна жена од Тетово се здобила со тешки телесни повреди откако, според пријавеното, била нападната од глутница кучиња скитници.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 24 септември во СВР Тетово, откако жената, со иницијали Ш.О., била пренесена во Клиничката болница во Тетово поради здобиените повреди.

Според пријавата, инцидентот се случил на улицата „Ѓорче Петров“ во Тетово. Жената била нападната од глутница кучиња, а во обид да се спаси и да избега од нив, паднала.

При падот, 68-годишната тетовчанка се здобила со тешки телесни повреди, поради што била пренесена на лекување во Клиничката болница во Тетово.