ПРВ.мк
Црна Хроника

ПО ТЕШКАТА БОРБА ВО БОЛНИЦА: Почина 13-годишното дете избодено во тепачката во Чаир!

ПО ТЕШКАТА БОРБА ВО БОЛНИЦА: Почина 13-годишното дете избодено во тепачката во Чаир!

Почина 13-годишното дете кое на 31 август беше тешко повредено со нож во физичка пресметка во скопската населба Чаир.

Информацијата ја објави „Tetova1.mk“, повикувајќи се на случајот кој беше пријавен по инцидентот.

Тепачката се случила околу 22 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“, каде дошло до физичка пресметка меѓу две групи.

Во инцидентот учествувале вкупно пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице.

Според информациите што тогаш ги соопшти Министерството за внатрешни работи, во пресметката биле употребени ножеви.

По интервенцијата на полицијата биле одземени три ножа, гумена палка и други предмети кои биле пронајдени во врска со случајот.

Во тепачката биле повредени повеќе лица, а 13-годишното момче се здобило со тешки повреди.

По инцидентот детето веднаш било пренесено во болница, каде лекарите со недели се бореле за неговиот живот.

И покрај укажаната медицинска помош и долгото лекување, 13-годишното дете им подлегнало на повредите.