Несекојдневен семеен случај е регистриран во Скопје, каде мајка и ќерка во рок од околу 15 часа меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 8 септември во 16:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со 64-годишна скопјанка.
Полицијата постапувала по претходна пријава дека таа во дом на подрачјето на Центар физички ја нападнала својата 39-годишна ќерка.
Но, случајот добил пресврт следното утро.
На 9 септември околу 07:50 часот, во истата полициска станица бил извршен службен разговор и со 39-годишната жена.
Овојпат полицијата постапувала по пријава дека ќерката физички ја нападнала својата 64-годишна мајка.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.









