ПРВ.мк
Црна Хроника

Македонија тагува – почина познатиот професор

Македонија тагува – почина познатиот професор

Со тажна вест се огласи Филозофскиот факултет во Скопје. На 8 септември 2026 година почина проф. д-р Зоран Велковски, редовен професор на Институтот за педагогија.

Од Факултетот истакнуваат дека професорот Велковски оставил значаен и траен белег во развојот на Институтот за педагогија, но и во развојот на образованието на возрасните и андрагогијата, како во Македонија така и на меѓународно ниво.

Неговата богата професионална биографија опфаќа бројни научни трудови, дела, проекти и раководни позиции, преку кои со години придонесувал во развојот на образованието во земјава.

„Филозофскиот факултет загуби голем професор и голем човек. Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Нека почива во мир“, порачаа од Факултетот.