ПРВ.мк
Црна Хроника

Вооружен грабеж во Скопје: Со пиштол влегол во обложувалница и ги одзел парите

Вооружен грабеж во Скопје: Со пиштол влегол во обложувалница и ги одзел парите

Вооружено разбојништво било извршено вчера на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, каде што со закана со пиштол биле одземени пари од обложувалница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 09:02 часот.

Разбојништвото се случило околу 08:30 часот, кога едно лице влегло во обложувалницата и со пиштол му се заканило на вработениот.

Напаѓачот потоа одзел пари од дневниот промет и го напуштил местото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.