Семејна расправија во скопската населба Бит Пазар завршила со меѓусебни пријави во полиција откако сопружници кои се во бракоразводна постапка се обвиниле за физички напад.
Според информациите од МВР, вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 50-годишен скопјанец.
Претходно било пријавено дека околу 15:00 часот, во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, тој физички ја нападнал својата 38-годишна сопруга, со која се наоѓа во бракоразводна постапка.
Од друга страна, 50-годишниот маж пријавил дека и тој бил физички нападнат од сопругата, наведувајќи дека таа фрлала различни предмети кон него.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и утврдување на околностите на случајот.









