ПРВ.мк
Црна Хроника

Кривична пријава за 31-годишник: Го зел товарното возило, а договорените 11.000 евра не ги платил

Кривична пријава за 31-годишник: Го зел товарното возило, а договорените 11.000 евра не ги платил

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот С.Б. од скопското село Копаница поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Според информациите од полицијата, случајот се случил во април 2026 година, кога пријавениот склучил купопродажен договор со лице од тетовското село Шипковица за товарно возило.

Договорената цена за возилото изнесувала 11.000 евра, но според пријавата, 31-годишникот го довел сопственикот во заблуда и не ја исплатил договорената сума.

По преземените мерки, СВР Тетово против него поднесе кривична пријава.