Брутална тепачка со употреба на нож се случила доцна синоќа пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, при што двајца 20-годишници се здобиле со убодни рани.
Случајот во полиција бил пријавен вчера точно на полноќ, односно во 23:50 часот. Во физичката пресметка меѓу две групи учествувале повеќе лица, а со нож биле повредени Е.М. (20) и А.Р. (20), двајцата од селото Камењане.
По брза реакција на полицијата, во 01:25 часот во тетовската Клиничка болница бил лишен од слобода повредениот А.Р., додека само пет минути подоцна во СВР Тетово доброволно се пријавиле Х.Ш. (22) од Ново Село и А.Б. (23) од Горно Палчиште, кои исто така биле уапсени и задржани во полициска станица.
МВР продолжува со истрагата за целосно расчистување на инцидентот, идентификување и пронаоѓање на останатите учесници во тепачката, по што ќе следуваат соодветни кривични пријави.





