Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривични пријави против тројца мажи од Скопје, поради сомнежи за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Станува збор за два одделни случаи, од кои едниот се однесува на настан од февруари 2026 година, а другиот на јули 2025 година.
Во првиот случај, кривична пријава е поднесена против П.Н. (49) од Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, постојат основи на сомнение дека во февруари 2026 година тој извршил полови дејствија врз малолетно лице.
Вториот случај се однесува на двајца скопјани, П.Н. (47) и А.Т. (62), против кои исто така е поднесена кривична пријава за истото кривично дело.
Според полициското соопштение, постојат основи на сомнение дека двајцата во текот на јули 2025 година извршиле полови дејствија врз малолетно лице.
Од СВР Скопје информираат дека за двата одделни настани се поднесени соодветни кривични пријави, а тројцата пријавени ќе одговараат во постапките пред надлежните институции.




