ПРВ.мк
Македонија

ЈАНЕВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА АМБАСАДАТА НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО И IPAS: Потврдена партнерската соработка во областа на безбедноста

ЈАНЕВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА АМБАСАДАТА НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО И IPAS: Потврдена партнерската соработка во областа на безбедноста

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска оствари работна средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и на Меѓународната служба за полициска помош (IPAS) на Обединетото Кралство.

На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната успешна соработка меѓу двете држави, како и подготвеност за нејзино продолжување и натамошно интензивирање во областа на безбедноста и полициското работење.

Во таа насока, соговорниците истакнаа дека веќе се одржани повеќе работни состаноци со претставници на релевантните организациски единици во рамки на Министерството за внатрешни работи, со цел унапредување на меѓусебната координација, идентификување на приоритетите и реализација на конкретни заеднички активности.

Двете страни ја потврдија заложбата за продлабочување на партнерските односи, со посебен акцент на спроведување на оперативни и конкретни проекти за унапредување на полициските капацитети.