ПРВ.мк
Македонија

БЛАГОРОДЕН ГЕСТ ЗА КУЛТУРАТА: Владимир Темков донираше 10 уметнички дела на Општина Кавадарци

БЛАГОРОДЕН ГЕСТ ЗА КУЛТУРАТА: Владимир Темков донираше 10 уметнички дела на Општина Кавадарци

Истакнатиот македонски ликовен уметник Владимир Темков донираше 10 уметнички дела на Општина Кавадарци, создадени во рамки на годинашната Ликовна колонија „Михајлово 2026“.

Колонијата се реализира како дел од програмските активности на Општина Кавадарци, предвидени со Програмата за култура, јавни дејности и други активности за 2026 година, со цел поттикнување на творештвото, поддршка на уметниците и збогатување на културниот живот во градот.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека оваа донација претставува значаен придонес кон збогатувањето на општинскиот ликовен фонд, а подарените платна ќе останат како трајно сведоштво за уметничкото творештво, инспирацијата и креативниот дух на манифестацијата.

Општина Кавадарци упати јавна благодарност до Темков за неговиот несебичен придонес и континуираната посветеност во афирмирањето на ликовната уметност и трајните културни вредности.