ПРВ.мк
Македонија

ФАЛСИФИКУВАЛ ДОКУМЕНТ ЗА УПЛАТА И „КУПИЛ“ ЛАНД РОВЕР: Измама во Македонија тешка 830.250 денари!

ФАЛСИФИКУВАЛ ДОКУМЕНТ ЗА УПЛАТА И „КУПИЛ“ ЛАНД РОВЕР: Измама во Македонија тешка 830.250 денари!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37-годишен маж од скопското село Глумово, осомничен за измама и фалсификување исправа при купопродажба на патничко возило во Тетовско. Според пријавата, со измамата била предизвикана материјална штета од 830.250 денари.

Станува збор за Б.А. (37), за кого полицијата се сомничи дека во текот на април 2026 година довел во заблуда лице од тетовско село при договор за купување патничко возило од марката „Ланд Ровер“.

Возилото било договорено за сума од 830.250 денари, а како доказ дека парите биле уплатени, осомничениот на продавачот му доставил фалсификуван платен налог.

Поради сомнеж дека на овој начин ги сторил кривичните дела „измама“ и „фалсификување на исправа“, СВР Тетово поднело соодветна кривична пријава против 37-годишникот.