Безживотното тело на млада руска државјанка со иницијали В. Р. беше пронајдено синоќа во стан во Белград, дознава „Телеграф.рс“.
По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници на телото на девојката забележале видливи повреди – модринки и подливи по лицето и рацете. Според првичните информации, В. Р. дошла на гости кај својот пријател Д. Р., исто така државјанин на Руската Федерација, во чиј стан била затекната.
Случајот во полиција го пријавила екипа на Итната медицинска помош. Телото на починатата девојка е пренесено на Институтот за судска медицина, каде што со обдукција ќе се утврди точната причина за смртта.
Полицијата изврши увид на местото на настанот, а Д. Р. е приведен во полициска станица заради давање изјава и расветлување на сите околности поврзани со трагичниот настан. За случајот е известено и надлежното јавно обвинителство.






