ПРВ.мк
Црна Хроника

Катастрофален потрес ја потресе Турција: Десет згради срамнети со земја, трагаат по преживеани

Катастрофален потрес ја потресе Турција: Десет згради срамнети со земја, трагаат по преживеани
Escape

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди западната турска покраина Баликешир, со епицентар во градот Синдирги, предизвикувајќи голема паника и сериозни оштетувања. Потресот се случи вечерва во 19:53 часот и беше почувствуван во повеќе градови, вклучувајќи ги Истанбул и Измир.

Турската агенција за управување со катастрофи (AFAD) потврди дека веднаш по земјотресот биле активирани сите екипи за пребарување и спасување. Според првичните информации, во Синдирги се урнале околу десет згради. Градоначалникот Серкан Сак изјави дека во една од трите урнати згради имало шест жители – четворица се спасени, а по останатите две лица сè уште се трага.

Иако зградите и џамиите во регионот се значително оштетени, локалните власти засега не потврдуваат загуби на човечки животи. Земјотресот бил проследен со најмалку седум последователни потреси со јачина од 3,5 до 4,6 степени.

Овој настан повторно го потсетува регионот на кревката сеизмичка состојба на Турција, која се наоѓа на повеќе активни раседи. Само минатиот јуни, земјава беше погодена од потрес од 5,8 степени во југозападниот дел, кога загина едно лице и беа повредени 69. Најкатастрофалниот земјотрес во поновата историја беше во февруари 2023 година, кога загинаа над 53.000 луѓе, а античката Антиохија беше речиси целосно уништена.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape