ПРВ.мк
Црна Хроника

Крвава пресметка во Тетово – едно лице мртво, четворица тешко повредени, меѓу нив и дете

Крвава пресметка во Тетово – едно лице мртво, четворица тешко повредени, меѓу нив и дете
Escape

Тетово денеска беше сцена на шокантна вооружена пресметка среде ден, која заврши со една жртва и повеќе тешко повредени лица, меѓу кои и 12-годишно дете. Инцидентот се случил околу 12:30 часот на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“, кога две возила се судриле и истовремено од нив започнала размена на огнени истрели.

Според информациите на Министерството за здравство, во скопските хируршки клиники биле пренесени четири пациенти со сериозни повреди:

  • 32-годишен маж со прострелна рана во пределот на градниот кош (КАРИЛ)
  • 12-годишно дете со прострелна рана во десната натколеница (Детска хирургија)
  • 37-годишен маж со прострелна рана во градниот кош (Торакална хирургија)
  • 60-годишен маж со скршеница на десната потколеница (Трауматологија)

Сите повредени се згрижени и им се укажува соодветна медицинска помош.

Во престрелката, едно лице починало на лице место – пронајдено во патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на 46-годишен жител на Тетово. Полицијата утврдила дека другото возило, „Форд Фиеста“ со тетовски таблички, било со одјавена регистрација и во сопственост на 19-годишно момче од село Гајре.

Освен директно вклучените, во инцидентот повреден бил и 60-годишен пешак – случаен минувач, кој бил погоден од куршум и пренесен во Скопје.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape