ПРВ.мк
Македонија

Латиноамериканки и други странски државјанки затекнати во угостителски објекти во Тетово – полициска акција против трговија со луѓе

Латиноамериканки и други странски државјанки затекнати во угостителски објекти во Тетово – полициска акција против трговија со луѓе
Escape

Во ноќната акција на тетовската полиција, спроведена во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе од Скопје, во два угостителски објекта биле затекнати вкупно 30 млади жени, меѓу кои девојки од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија.

Акцијата се случила во периодот од 23:30 до 02:30 часот на 9 и 10 август 2025 година, во угостителски објекти лоцирани во село Желино и во Тетово, кои се воделе на лица од локалната заедница.

Полицијата утврдила дека голем број од овие жени злоупотребиле туристички визи и престојувале спротивно на целта, а постојат основани сомнежи дека дел од нив биле жртви на трговија со луѓе. Во угостителските објекти најчесто работеле како келнерки и танчерки.

По завршувањето на контролните активности, жените биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а против сопствениците и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Оваа акција е дел од сериозните напори на институциите за борба против трговијата со луѓе и заштита на жртвите од вакви криминални активности.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape