ПРВ.мк
Свет

Земјотрес во Турција: Драматичен момент кога жена се спаси криејќи се под маса

Земјотрес во Турција: Драматичен момент кога жена се спаси криејќи се под маса
Escape

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција во недела навечер, со епицентар во округот Синдирги, покраина Баликешир, на длабочина од 11 километри, објави државната агенција AFAD.

Овој потрес бил почувствуван на големо подрачје, вклучувајќи градови како Баликешир, Измир, Истанбул, Маниса, Ушак и други. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека неколку згради се урнале, вклучувајќи една во самиот Синдирги, каде што спасени се две лица, додека се трага по уште две исчезнати.

Во јавноста се појави драматично видео снимено во погодената област, кое брзо стана вирално. На снимката се гледа жена која брзо реагира и се крие под цврста маса во моментот кога земјотресот ја тресе просторијата. Само неколку моменти по нејзината реакција, плакарот во собата се урива, а предметите почнуваат да паѓаат – што ја докажува спасоносната важност на нејзиниот брз потег.

Ова видео служи како важен потсетник за сите граѓани да бараат засолниште под цврст мебел и да ги заштитат главите за време на земјотрес.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати порака на поддршка до погодените региони, ветувајќи дека властите ќе ги следат и ќе ги ублажат последиците од природната непогода. Министерот за здравство Кемал Мемисоглу потврди дека четири лица се хоспитализирани, но среќа немаат животно загрозувачка состојба.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape