ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Тетово: 30-годишна девојка почина во болница – семејството тврди дека не добила соодветна помош

Трагедија во Тетово: 30-годишна девојка почина во болница – семејството тврди дека не добила соодветна помош
Escape

Во раните утрински часови денеска, 30-годишна жена од селото Копаница, Тетовско, почина во Тетовската клиничка болница. Според првичните информации, постојат сомнежи дека пред приемот во јавната болница таа примала терапија во приватни здравствени установи.

Од болницата информираа дека пациентката била примена во Ургентниот центар околу 03:00 часот во тешка состојба, по што била префрлена на Инфективното одделение, каде што починала. Точната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата.

Случајот го пријавил нејзин роднина во 03:20 часот во СВР Тетово, наведувајќи дека починатата била хоспитализирана претходниот ден во 19:00 часот и, според неговите тврдења, не ѝ била укажана соодветна медицинска помош.

Полицијата изврши увид во болницата, а по наредба на јавен обвинител е формирана истражна екипа која ќе го утврдува текот на настаните и околностите под кои дошло до смртта.

Овој трагичен случај предизвикува сериозни прашања за начинот на лекување, комуникацијата меѓу здравствените установи и навремената интервенција во итни состојби.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape