ПРВ.мк
Црна Хроника

Како во мафијашки филм: Пукање среде ден во Тетово со еден загинат и повеќемина повредени

Како во мафијашки филм: Пукање среде ден во Тетово со еден загинат и повеќемина повредени
Escape

Во вистинска сцена налик на мафијашки филм, денеска во 12:30 часот во центарот на Тетово се случи вооружена пресметка меѓу две групи, при што едно лице беше убиено, а неколкумина беа повредени. Од возило во движење било пукано со автоматска пушка кон друго возило, во кое смртно бил застрелан маж.

При бегството, напаѓачите со автомобил прегазиле неколку луѓе, а од заскитан куршум била повредена и 14-годишна девојка која се наоѓала во близина на местото на престрелката.

Тројца мажи, од кои двајца со прострелни рани, се префрлени на скопските клиники. Третиот повреден, 60-годишен маж, бил прегазен со возилото на сторителите.

МВР објави дека инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“. Едното возило заминало кон улица 113 и, според очевидци, станува збор за „Форд Фиеста“ со тетовски регистарски таблички, кои се покажале како одјавени. Другото возило, „Фолксваген Голф“, било пронајдено напуштено со починато лице во него.

Формиран е истражен тим предводен од јавен обвинител, а увидната екипа од СВР Тетово работи на расветлување на случајот.

Mia Home Mavrovo