Црногорските медиуми објавија дека 80-годишна жена од Македонија, со иницијали С.Г. од битолско, починала на плажа на Свети Стефан.
Несреќата се случила додека таа пливала во плиткиот дел од морето. Според информациите, и се слошило, по што следеле обиди за реанимација, но тие биле безуспешни.
Жената во Црна Гора престојувала со своето семејство. Според познатите информации, повеќе години имала проблеми со срцето.