Необична и топла сцена пред возило на Брзата помош го привлече вниманието на јавноста. Додека лежела на носилата, 94-годишна жена побарала цигара од медицинскиот техничар.
Иако во прв момент ја одбил — сметајќи дека тоа е сосема несоодветно за таква ситуација — по кратко размислување сепак попуштил пред нејзината желба и ѝ ја запалил цигарата.
Овој несваќачки момент измами насмевки кај присутните, но вистинското изненадување дојде подоцна. И покрај длабоката старост и сериозните здравствени проблеми поради кои итно била пренесена во болница, бабата покажа неверојатна животна сила и успешно се опорави.







