ПРВ.мк
Црна Хроника

Јавен обвинител и трудов инспектор на терен: Работник загина по пад од бандера

Јавен обвинител и трудов инспектор на терен: Работник загина по пад од бандера

Четириесет и осумгодишен маж од охридското село Лескоец го загубил животот откако паднал од бандера додека извршувал работни задачи во селото Елшани.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Охрид на 27 август во 14:40 часот.

Станува збор за Н.К. (48), вработен во телекомуникациска компанија, кој при извршување на своите работни обврски паднал од бандера.

На местото пристигнала Итната медицинска помош, но лекар можел само да констатира смрт.

Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.

Надлежните преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.