ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Кокаин и марихуана пронајдени на повеќе локации - еве колку лица се приведени!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Кокаин и марихуана пронајдени на повеќе локации  - еве колку лица се приведени!

При акција на полицијата на неколку локации во Скопје се запленети кокаин и марихуана, при што се лишени од слобода четири лица, меѓу кои и 16-годишна малолетничка.

Првата интервенција се случила синоќа околу 01:00 часот по полноќ на подрачјето на Карпош, кога е уапсен 42-годишниот М.Д. При претрес во неговиот дом биле пронајдени кокаин, марихуана, дигитална вага со траги од дрога, како и други предмети поврзани со кривично дело.

Втората акција е реализирана вчера околу 20:30 часот на улицата „Букурешка“ исто така во Карпош, од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје. На оваа локација се уапсени Д.М. (23), М.Ч. (23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје, откако кај Д.М. биле пронајдени поголеми количества марихуана и кокаин.

Сите осомничени се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по брза постапка, соопштија од Министерството за внатрешни работи.