Полициски службеници од ОВР Кочани, постапувајќи по претходно обезбедена судска наредба, денеска (1.8.2026) извршија претрес во домот на лицето А.Р. во Кочани, при што се пронајдени и одземени над 160 грама дрога, односно кокаин, хашиш и марихуана.

Лицето А.Р. е лишено од слобода и задржано во полициска станица. За случајот е известен дежурен јавен обвинител, а по целосно документирање на сите детали, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.








