ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА – Загина 31-годишна жена во тешка сообраќајна несреќа

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА – Загина 31-годишна жена во тешка сообраќајна несреќа

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Штеке, јавуваат црногорските медиуми.

Според информациите на телевизијата „Вијести“, 31-годишна жена им подлегнала на повредите здобиени во несреќата, која се случила околу 16:40 часот.

Во судирот учествувале два автомобили, а по силниот удар едното возило се превртело и завршило на покрив. Освен загинатата жена, уште едно лице се здобило со тешки повреди и му била укажана лекарска помош.

На местото на несреќата е извршен увид, а надлежните служби работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до судирот.

Истрагата е во тек.