ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ДРАМА ВО ПАРИЗ: Бремена жена меѓу избодените во крвав напад

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ДРАМА ВО ПАРИЗ: Бремена жена меѓу избодените во крвав напад

Три жени, меѓу кои и една бремена, беа повредени во напад со нож што денеска се случи во близина на Порт де Клиши во Париз. Според француските власти, една од жртвите се наоѓа во критична состојба.

Инцидентот се случил околу 11:30 часот, а повредените веднаш биле пренесени во болница по интервенција на службите за итна медицинска помош.

Полицијата на местото на настанот го уапсила 31-годишниот осомничен, за кого, според првичните информации, постои сомневање дека има психички нарушувања. При неговото приведување биле пронајдени два ножа.

На видеа што се појавија на социјалните мрежи се гледа како мажот се движи вооружен со ножеви, по што случајни минувачи успеваат да го совладаат и да го задржат до пристигнувањето на полицијата.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, изјави дека осомничениот давал неповрзани и неразбирливи изјави, нагласувајќи дека е прерано да се утврдува мотивот за нападот.

Според извор близок до истрагата, цитиран од францускиот весник „Ле Паризиен“, осомничениот изговорил реченица дека „Алах го испратил да убива жени“, но истовремено изворот посочил дека станува збор за лице со психички проблеми.

Француското обвинителство за борба против тероризмот засега не го презеде случајот, а истрагата продолжува за да се утврдат сите околности и мотивите за нападот.

ВИДЕО