ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ ГО ПОГОДИ ВЕЛЕС: Почина долгогодишната судијка Виолета Мојсова, зад себе остави богато професионално наследство

ТАЖНА ВЕСТ ГО ПОГОДИ ВЕЛЕС: Почина долгогодишната судијка Виолета Мојсова, зад себе остави богато професионално наследство

ТАЖНА ВЕСТ ГО ПОГОДИ ВЕЛЕС: Почина долгогодишната судијка Виолета Мојсова, зад себе остави богато професионално наследство

Велес денеска се збогува со едно добро познато име од правосудството. На 64-годишна возраст почина Виолета Мојсова, долгогодишна судијка во Основниот суд Велес, која со децении беше дел од судскиот систем и остави значаен белег во својата професија.

Својот работен век го посвети на правдата и правната струка, а судиска функција извршуваше уште од 1988 година. Најголемиот дел од кариерата го помина во граѓанската област, каде беше препознаена по својата стручност, посветеност и професионален пристап.

Покрај судиската работа, во повеќе наврати беше назначувана и за вршител на должноста претседател на Основниот суд Велес, што претставува потврда за довербата и почитта што ја уживаше меѓу колегите.

Во знак на почит кон нејзиниот живот и долгогодишен придонес, во Основниот суд Велес ќе се одржи комеморативна седница, на која колегите и соработниците ќе се потсетат на нејзиниот професионален пат и вредностите што ги остави зад себе.

Нејзиното заминување претставува голема загуба за семејството, пријателите и сите што ја познаваа. Зад себе ги остави сопругот и двете деца.

Последното збогување ќе се одржи денес на Градските гробишта во Раштани, каде најблиските, колегите и граѓаните ќе можат да ѝ оддадат почит.

Споменот за неа ќе остане да живее меѓу генерациите кои имаа чест да соработуваат и да ја познаваат.