ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) УЖАС ВО СЕМЕЕН ДОМ: СИН СО ОРУЖЈЕ И МАЧЕТА НАПРАВИЛ ХОРОР - Ова се деталите

(ФОТО) УЖАС ВО СЕМЕЕН ДОМ: СИН СО ОРУЖЈЕ И МАЧЕТА НАПРАВИЛ ХОРОР - Ова се деталите

Во Петровац на Млави се случи страшен семеен инцидент кој ја потресе јавноста. Зоран С. прво пукал кон својот татко, а потоа ранил мајка со огнено оружје. По вториот истрел, пиштолот се „блокирал“, па тој земал мачета и продолжил да ја напаѓа мајката. Додека таа лежела ранета, ја удирал и со нозе, а потоа побегнал од местото на злосторството.

Комшиите сведочат дека претходно се слушнала жестока расправија во куќата, проследена со галама и закани. Зоран викал дека ќе ги убие и нив и себе, а потоа се слушнала и пукањето. Мајката била тешко повредена и итно пренесена во болница, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.

По крвавиот чин, осомничениот исчезнал, а неговите пријатели мислеле дека ќе се обиде да си го одземе животот, бидејќи претходно зборувал за тоа. Сепак, по три часа бегство, Зоран С. сам се предал на полицијата и бил испитан за случајот.

Пиштолот што го користел сè уште не е пронајден, бидејќи, според неговите зборови, го изгубил додека бегал. Истрагата продолжува за да се утврдат сите околности на овој ужасен настан.

Овој случај уште еднаш ја отвори темата за семејното насилство и психичките кризи што можат да доведат до трагични исходи.