Во Тетово е регистрирана несреќа во која тешко е повреден 16-годишник откако паднал од електричен тротинет.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 9 септември 2026 година, околу 22:30 часот, во тетовското село Мала Речица.
Малолетникот, кој е од истото село, управувал електричен тротинет кога во еден момент изгубил контрола и паднал.
Како последица на падот, 16-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.








