ПРВ.мк
Црна Хроника

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Полицијата заплени товарно возило во Неготинско - еве какви прекршоци направиле!

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Полицијата заплени товарно возило во Неготинско - еве какви прекршоци направиле!

Полицијата затекнала товарно возило натоварено со песок без соодветна документација при контрола на сепарација во неготинско село, соопшти МВР.

Случајот бил регистриран на 8 август 2026 година, околу 11:40 часот, кога полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Велес извршувале контрола на сепарација во неготинско село.

При контролата било забележано товарно возило „Сканија“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л. (52) од Неготино. Полициските службеници констатирале дека се врши ископ, а возилото било натоварено со песок за кој возачот не поседувал соодветна документација.

Од песокот во товарното возило, како и од местото каде што се вршел ископот, полициските службеници земале примероци за понатамошна постапка.

Со возачот бил извршен службен разговор на местото на настанот, по што возилото било спроведено на мерење. По насоки на јавен обвинител, возилото подоцна било одземено за понатамошна постапка.

За случајот било известено и Министерството за животна средина и просторно планирање. Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.