ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАДНА ПРВОТО АПСЕЊЕ ПОРАДИ АФРИКАНСКАТА СВИНСКА ЧУМА – Запленети над 7 тони месо!

ПАДНА ПРВОТО АПСЕЊЕ ПОРАДИ АФРИКАНСКАТА СВИНСКА ЧУМА – Запленети над 7 тони месо!

Српската полиција уапси 55-годишен маж од околината на Сремска Митровица, кој е осомничен дека ги прекршил мерките за спречување на африканската свинска чума и пуштал во промет свинско месо со непознато потекло.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија, осомничениот, идентификуван како П.Д. (1971), во периодот од 22 ноември 2025 до 21 јули 2026 година постапувал спротивно на мерките донесени од Управата за ветерина за спречување и сузбивање на африканската свинска чума во населбата Салаш Ноќајски.

И покрај важечките забрани, тој, според сомнежите, продолжил да преработува и продава свинско месо на своето земјоделско стопанство.

При извршената контрола, инспекциските служби пронашле 7.060 килограми свежо месо, полупроизводи и месни производи, за кои не постоела документација ниту доказ за нивното потекло.

По наредба на ветеринарната инспекција, целото месо, кое било произведено во нерегистриран објект и било со непознато потекло, е одземено и испратено на уништување.

По налог на Основното јавно обвинителство во Сремска Митровица, на осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежниот обвинител.