Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди северна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според достапните информации, епицентарот бил лоциран на околу 23 километри југоисточно од Јерисос, а потресот бил регистриран во 10:30 часот по локално време.
Земјотресот бил почувствуван во повеќе туристички места, меѓу кои Торони, Јерисос, Сикија и островот Тасос, каде што во овој период престојуваат голем број туристи.
„Го почувствував додека бев на лежалка на плажа во Торони. Траеше околу две до три секунди“, напишал еден од корисниците на веб-страницата на EMSC.
Според засега достапните информации, нема пријави за повредени лица или материјална штета.
Северниот дел на Грција е познат како сеизмички активно подрачје, па помали земјотреси се релативно честа појава.






