Шеснаесетгодишник е тешко повреден, а 20-годишно момче се здобило со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу селата Горно Седларце и Синичане во Тетовско.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 27 август во 15:22 часот.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот М.И. од Горно Седларце, и мотоцикл „јамаха“, исто така со тетовски ознаки, управуван од 20-годишниот Л.И. од истото село.
Во судирот најтешко поминал 16-годишниот сопатник на мотоциклот. Кај него биле констатирани тешки телесни повреди во Клиничката болница Тетово.
Повреден бил и 20-годишниот возач на мотоциклот, а неговите повреди биле констатирани од Итната медицинска помош.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово.









