Седумнаесетгодишник од Скопје бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му укаже помош, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил вчера во општина Центар, откако граѓани пријавиле дека малолетникот се однесувал агресивно и недолично.
По пријавата, на местото пристигнале полициски службеници од СВР Скопје. Откако забележале дека 17-годишникот има повреди и се обиделе да му помогнат, тој физички нападнал еден од полициските службеници, информираат од МВР.
Малолетникот бил веднаш приведен и однесен во Полициската станица Центар.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против 17-годишникот ќе следува соодветен поднесок.







