ПРВ.мк
Црна Хроника

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТНИЦИТЕ: Возење на таксист што се претворило во кошмар – патниците му приредиле шокантен крај!

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТНИЦИТЕ: Возење на таксист што се претворило во кошмар – патниците му приредиле шокантен крај!

Педесет и шестгодишен такси возач од Гевгелија пријавил дека бил физички нападнат и ограбен откако превезувал двајца патници од Гевгелија до Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 19 јули 2026 година околу 05:00 часот во СВР Скопје.

Како што навел оштетениот, околу 02:00 часот во неговото такси возило влегле две лица кои побарале превоз до населбата Шуто Оризари во Скопје, уверувајќи го дека превозот ќе го платат по пристигнувањето.

Меѓутоа, откако стигнале на договорената локација, двајцата физички го нападнале таксистот и му го одзеле паричникот во кој имало пари и лични документи.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.