Триесет и осумгодишна државјанка на Шведска се здобила со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, случајот бил пријавен вчера околу 17:00 часот во СВР Охрид, откако А.Г.Б. (38) била пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ со повреди здобиени при слетување со параглајдер.
Од МВР наведуваат дека параглајдерот бил управуван од лице ангажирано од охридска параглајдинг компанија.
Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.










