ПРВ.мк
Црна Хроника

„ДРАМА ВО МАЈАМИ: Боинг излета од пистата и удри во возила – има загинати, тројца се критично“

„ДРАМА ВО МАЈАМИ: Боинг излета од пистата и удри во возила – има загинати, тројца се критично“

Најмалку пет лица загинаа, а уште пет се повредени во тешка авионска несреќа на Меѓународниот аеродром во Мајами, откако товарен авион „Боинг 767-300“ излетал од пистата при слетување.

Според првичните информации, три од повредените лица се наоѓаат во критична состојба.

Авионот на „Amazon Prime Air“ летал од Сан Хуан, Порторико кон Мајами. При обидот за слетување, леталото излетало од пистата, удрило во повеќе возила на прометна сообраќајница, по што избувнал голем пожар.

Податоците од „FlightRadar24“ покажуваат дека авионот во моментот кога ја напуштил пистата се движел со брзина од околу 207 километри на час. Запаленото летало на крајот запрело во близина на паркинг кај магацин на „Amazon“.

Драматична спасувачка операција

Итните служби пристигнале на местото само неколку секунди по несреќата.

Шефот на противпожарната служба, Рајед Џадалах, изјавил дека спасувачите морале да извлекуваат луѓе кои останале заробени во и под уништените возила.

По несреќата, американската Федерална управа за авијација (FAA) наредила привремено запирање на летовите, додека истрагата за причините за падот ќе ја води Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB).

Градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава, соопштила дека во моментов приоритет е помошта за повредените и семејствата на загинатите.

Од „Amazon“ изразиле сочувство до семејствата на жртвите и соопштиле дека целосно соработуваат со надлежните институции во истрагата.