ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Хорор кај универзитетски кампус: Се урна зграда полна со студенти, има загинат

(ВИДЕО) Хорор кај универзитетски кампус: Се урна зграда полна со студенти, има загинат

Најмалку едно лице загина, а две се во критична состојба по уривање на петкатна станбена зграда во Њу Делхи, Индија. Спасувачките екипи стравуваат дека под урнатините сè уште има десетици луѓе, меѓу кои голем број студенти.

Несреќата се случила во неделата околу 13:30 часот по локално време во населбата Сатја Никетан, во близина на кампусот на Универзитетот во Делхи.

Според сведоци цитирани од локалните медиуми, во моментот на уривањето во петкатницата можеби имало околу 50 лица. Според првичните информации, досега биле извлечени шест лица.

Во подрумот на објектот, во кој се наоѓал студентскиот хостел „Daze“, во тек биле градежни работи. Голем број студенти биле во своите соби бидејќи несреќата се случила во недела, кога немало настава.

Особено драматични се информациите дека дел од затрупаните студенти успеале телефонски да се јават од под урнатините и да побараат помош.

Очевидци тврдат дека при инцидентот се урнал и соседен објект, додека друга зграда во непосредна близина била евакуирана од безбедносни причини.

Главната министерка на Делхи, Река Гупта, соопшти дека се вложуваат сите можни напори за луѓето кои останале заробени да бидат извлечени на безбедно.

Според полицијата, зградата била стара околу 40 до 50 години. Сопственик на продавница во близина изјавил дека во подрумот биле вршени ископувања и тврди дека носечките столбови биле слаби. Под урнатините, според неговите зборови, останале и градежни работници.

Индискиот национален студентски сојуз побара целосна истрага за причините за уривањето и одговорност за сите за кои ќе биде утврдено дека придонеле за трагедијата.

Полицијата, според локалните медиуми, трага по сопственикот на зградата, додека спасувачката операција продолжува.

Видео: