ПРВ.мк
Магазин

Карлеуша повторно без влакна на јазикот: На Душко му препорача кондоми, па „удри“ и по Цеца

Карлеуша повторно без влакна на јазикот: На Душко му препорача кондоми, па „удри“ и по Цеца

Јелена Карлеуша повторно го привлече вниманието со своите директни изјави, овојпат коментирајќи го поранешниот сопруг Душко Тошиќ, но и своите колешки од естрадата.

По настапот во Подгорица, пејачката пред камерите беше прашана за папарацо-фотографиите на кои Тошиќ бил забележан доцна навечер како купува нешто на трафика.

Карлеуша веднаш одговорила во свој препознатлив стил.

„Мислам дека купува снус, но уште подобро ако купува некои кондоми, јас тоа би му го препорачала“, изјавила таа.

Потоа додала дека не ја интересира што прави нејзиниот поранешен сопруг во приватниот живот, но нагласила дека очекува да биде присутен на семејната прослава за нивните ќерки Атина и Ника.

„Искрено, нека му е со среќа. Нека дојде само во недела, да бидеме заедно семејно, за сè да помине кај Атина и Ника како што треба, а после тоа што ќе прави, што ќе купува и со кого, тоа му го препуштам нему – верувам во неговиот лош вкус“, рекла Карлеуша.

Не поминало без провокации ниту кога новинарите ја прашале за естрадата и каква позиција би им доделила на своите колешки доколку таа е „кралица“. Во прашањето била спомената и Цеца Ражнатовиќ.

„Јас сум кралица на естрадата веќе 31 година, сè што требаше јас променив… Има тука доста слободни позиции – градинарка, чуварка на паркинг, а дворските луди се исто така секогаш на цена. Тоа се добро платени позиции во моето кралство“, одговорила Карлеуша.

Во меѓувреме, Душко Тошиќ престојувал во Марбеља, каде присуствувал на луксузна свадбена прослава. На социјалните мрежи објавил фотографии од настанот, на кој имало и други познати личности.

Неговото патување доаѓа непосредно пред големата семејна прослава во Белград. Постарата ќерка Атина го слави 18. роденден, додека Ника го одбележува својот 17. роденден, а Карлеуша и Тошиќ се вклучени во организацијата на прославата за своите ќерки.