ПРВ.мк
Црна Хроника

Вознемирувачки инциденти во Скопје: Залутан куршум погоди маж додека одел кон автомобилот

Вознемирувачки инциденти во Скопје: Залутан куршум погоди маж додека одел кон автомобилот

Два одделни инциденти со залутани куршуми биле регистрирани во Скопје во текот на вчерашниот ден. Во едниот случај бил повреден 71-годишен жител на Кондово, додека во вториот било оштетено семејно живеалиште во Драчево.

Според информациите од МВР, на 5 септември во 13:43 часот од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен Х.Р. (71) од селото Кондово со повреда од огнено оружје.

Според пријавеното, мажот бил погоден од залутано зрно додека се движел кон своето паркирано возило пред трговски центар на подрачјето на Општина Сарај.

На местото бил извршен увид, известен бил јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Неколку часа подоцна бил регистриран уште еден сличен инцидент. Околу 22:20 часот, 37-годишен скопјанец пријавил дека околу 20 часот во Драчево залутано зрно од огнено оружје го оштетило олукот на неговата семејна куќа.

Од МВР информираат дека и во овој случај се преземаат мерки за негово расчистување.