Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопската населба Дуќанџик, објави „Скопје1“, повикувајќи се на првични информации.
Според досега објавените информации, младиот маж бил застрелан и имал повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.
По пукањето, екипа на Итната медицинска помош го пренела на Ургентниот центар, каде што лекарите се обиделе да му укажат медицинска помош, но тој им подлегнал на повредите.
Во моментов нема официјални информации за околностите под кои се случило пукањето, ниту за можниот сторител и мотивот.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со повеќе детали за случајот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Видео:
Извор: Скопје1








