ПРВ.мк
Црна Хроника

Убиство во Скопје: Двајца со мотор застанале пред петмина и отвориле оган – МВР со детали

Убиство во Скопје: Двајца со мотор застанале пред петмина и отвориле оган – МВР со детали

Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон група од пет лица во Скопје, при што бил застрелан 26-годишниот А.М., кој подоцна им подлегнал на повредите во болница.

Од Министерството за внатрешни работи ги соопштија првите официјални детали за убиството.

Според МВР, на 6 септември околу 23:30 часот било пријавено пукање во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Во моментот на нападот, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма.

Пред нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, по што од огнено оружје било пукано кон групата. Веднаш по нападот, лицата со мотоциклот побегнале од местото.

Во пукањето бил погоден 26-годишниот А.М. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.