ПРВ.мк
Црна Хроника

Поверувал дека помага за лекување на дете, а останал без речиси 12.000 евра

Поверувал дека помага за лекување на дете, а останал без речиси 12.000 евра

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, односно околу 11.700 евра, откако маж во повеќе наврати му барал пари под различни изговори.

Според пријавеното во СВР Скопје, измамата се случувала во периодот од 18 јануари до крајот на февруари годинава.

Како што навел 70-годишникот, мажот најпрво го убедил дека му се потребни пари за лекување на неговиот син во странство. Верувајќи во приказната, скопјанецот му дал пари.

Но, барањата не запреле тука. Подоцна повторно му побарал пари, овојпат тврдејќи дека треба да плати долг за вода.

Во период од нешто повеќе од еден месец, 70-годишникот му предал вкупно 720.000 денари, или приближно 11.700 евра.

Случајот бил пријавен на 5 септември во 18 часот во СВР Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.