ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма рано утрово: Прегазен пешак, возачот побегнал

Драма рано утрово: Прегазен пешак, возачот побегнал

Тешка сообраќајна несреќа се случила во раните утрински часови во Прилеп, каде што 72-годишен пешак бил удрен од патничко возило, а возачот го напуштил местото на настанот.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 7 септември во 03:50 часот во ОВР Прилеп. На булеварот „Гоце Делчев“, патничко возило удрило во Н.Т. (72) од Прилеп.

По ударот, возачот со автомобилот го напуштил местото на несреќата.

Повредениот пешак бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Екипа на ОВР Прилеп извршила увид на местото, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на возачот.