Полицијата приведе 20-годишен скопјанец осомничен дека со закана со остар предмет се обидел да ограби спортска обложувалница во скопската населба Бит Пазар.
Според информациите од МВР, на 15 август околу 19:45 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје.
Претходно било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар, осомничениот со закана со остар предмет се обидел од вработената да одземе пари.
Случајот бил пријавен во полиција, по што 20-годишникот бил приведен.
Од СВР Скопје информираат дека по целосното документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, предвидено со член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.







