ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМ ПОЖАР НАД БОЈАНЕ – Мобилизирани екипи од Скопје и Тетово

ГОЛЕМ ПОЖАР НАД БОЈАНЕ – Мобилизирани екипи од Скопје и Тетово

Пожар од поголеми размери избувна попладнево над скопското село Бојане, при што огнот зафаќа околна вегетација.

Според првичните информации, пожарот се шири во реонот поврзан со правецот кон општина Јегуновце, а надлежните служби се обидуваат што побрзо да го стават под контрола и да спречат негово приближување кон населените места.

На терен се мобилизирани значителни противпожарни сили. Во интервенцијата учествуваат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а како засилување пристигнале и пожарникари од Тетово.

На местото е и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, кој информира дека директно од терен се координираат активностите и потребните капацитети за локализирање и гаснење на пожарот.

Од ЦУК посочуваат дека се во постојана комуникација со сите институции и служби вклучени во интервенцијата.

Екипите продолжуваат со борбата против огнот, а главната цел е пожарот што побрзо да биде локализиран и да се спречи негово понатамошно ширење.