ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Затвореник на отсуство пријавен дека ја претепал мајка си - еве каква казна го очекува!

ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Затвореник на отсуство пријавен дека ја претепал мајка си - еве каква казна го очекува!

Вознемирувачки инцидент се случил во Охрид, каде 46-годишен затвореник, кој бил пуштен на викенд-отсуство од казнено-поправната установа, физички ја нападнал својата 67-годишна мајка.

Според информациите од СВР Охрид, мажот со иницијали С.Ѓ. бил приведеден доцна синоќа, во 22:40 часот. Претходно, околу 21:00 часот, било пријавено дека тој не само што ја нападнал мајка си, туку и фрлал тврди предмети кон нивниот семеен дом.

По придружбата во полициска станица и целосно документирање на настанот, наместо да го продолжи слободниот викенд, тој ќе биде итно спроведен назад во затворот во Прилеп каде што ја издржува својата затворска казна, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.