ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија на патот Велес–Штип: Загина 46-годишен маж

Трагедија на патот Велес–Штип: Загина 46-годишен маж

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Велес–Штип, во близина на клучката за селото Дорфулија, во Општина Лозово. Во несреќата животот го загубил 46-годишен маж од Куманово.

Според првичните информации, 46-годишникот управувал автомобил „Шкода Фабија“, кога од засега непознати причини излетал од коловозот.

Од здобиените повреди мажот починал на местото на несреќата.

Телото на починатиот е предадено на обдукција, додека на местото се врши увид со цел да се утврдат точните причини и околности под кои дошло до трагичната несреќа.

Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.