ПРВ.мк
Црна Хроника

КРАДЕЦОТ САМ СЕ ПРЕДАДЕ: Му испадна ливче со името и телефонот

КРАДЕЦОТ САМ СЕ ПРЕДАДЕ: Му испадна ливче со името и телефонот

Една навидум безначајна грешка била доволна за експресно да биде откриен осомничен крадец во Италија. Додека бегал по извршените кражби, му испаднало ливче со неговото име и телефонски број, што им овозможило на карабиниерите брзо да го идентификуваат и пронајдат.

Станува збор за 35-годишен маж од Исола ди Капо Рицуто, кој и претходно им бил познат на органите на редот. Истражителите ги реконструирале неговите движења во центарот на Ботричело, каде што, според сомневањата, извршил две кражби во краток временски период.

Најпрво влегол во продавница за облека, каде што се претставил како клиент заинтересиран за одело за младоженец. Додека го одвлекувал вниманието на сопственикот, украл чанта од купувач во која имало околу 200 евра, лични документи и други предмети.

Потоа, според истрагата, насилно ја отворил влезната врата на блиска месарница и од касата одзел околу 30 евра.

Клучниот доказ бил пронајден во продавница во близина на бутикот. На подот лежело ливче со целосното име и телефонскиот број на осомничениот, кое му испаднало од џебот додека бегал. Надзорните камери го потврдиле моментот кога ливчето паднало.

Во близина на месарницата карабиниерите пронашле и мобилен телефон, како и мала количина хашиш. По анализата на телефонот и споредувањето на снимките од повеќе безбедносни камери, било потврдено дека истото лице стои зад двете кражби.

Против 35-годишникот е поднесена кривична пријава до Обвинителството во Катанцаро за кривично дело кражба, а истрагата продолжува.