ПРВ.мк
Црна Хроника

МОМЧЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Брутално претепан во Гостивар - еве што следува за насилниците!

МОМЧЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Брутално претепан во Гостивар - еве што следува за насилниците!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против двајца малолетници од Гостивар и 20-годишниот В.Д. од селото Бојане, скопско, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 2 август 2026 година во Гостивар, по претходна расправија меѓу пријавените и лицата кои биле нападнати.

Пријавените, според наводите на МВР, физички ги нападнале А.В. (22) од Гостивар и Л.Е. (18) од Долна Бањица, при што во нападот биле употребени и тврди предмети.

По пријавувањето на случајот, полициските службеници презеле мерки за пронаоѓање и обезбедување на осомничените. Двајцата малолетници биле веднаш обезбедени, по што со нив бил извршен службен разговор во полициска станица.

Во однос на 20-годишниот В.Д., од МВР информираат дека тој бил задржан на 4 август во Полициската станица Гостивар, откако претходно бил лишен од слобода од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

Надлежните институции продолжуваат со постапувањето во случајот, а кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.